Свет

СКАНДАЛ : Откако беше разобличен од еден фармер, Бајден го нарече „проклет лажливец“,ја навреди неговата интелегенција и го предизвика да прават склекови(ВИДЕО)

Еден од кандидатите на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден, влезе во жестока расправа со потенцијален гласач од Ајова, го нарече „проклет лажго“ и го предизвика да ја тестира интелигенцијата и да се натпреварува во склекови.

Пензионираниот фармер му рече на Бајден на изборен митинг во Ајова дека имало два проблеми кога станува збор за него.

„Прво, вие сте стар скоро колку и јас. Вие сте премногу стар за оваа работа“, забележа фармерот.

Потоа тој го обвини поранешниот потпретседател на САД дека го испратил својот син во Украина да работи за нафтена компанија, иако немал искуство со такви работи, за да има пристап до претседателот на таа земја.

„Ти си проклето лажго, човеку. Ова не е точно и никој никогаш не кажал дека син ми направил нешто лошо, а ниту јас“, одговорил налутено Бајден.

Тој, исто така, имаше подготвен одговор на забелешката за неговата возраст.

“Ако сакате да ја проверите мојата состојба, ајде да направиме склекови заедно. Ајде да направиме што сакате, можеме да направиме и IQ тест”, рече Џо Бајден.

Related posts

Leave a Comment