Свет

ШОК ВО ИЗРАЕЛ! Иран распореди ПВО СИСТЕМ ВО СИРИЈА И СЕ ЗАКАНИ : Ќе возвратиме на секој напад! Нема да знаете што ви се случило!

 

Вооружените сили на Исламската Република Иран распоредија еден од нивните системи за воздушна одбрана во Сирија за да ги спречат израелските напади.

Според локалните медиуми, иранската армија распоредила систем Бавар-373 во воздушната база Т-4 во сириската провинција Хомс.

„Неконтролираните напади на Израел против про-иранските сили во Сирија ја принудија иранската војска да инсталира систем за воздушна одбрана. Овој систем е еден од најновите системи на иранскиот воздушен одбранбен систем, за кој експертите велат дека наликува на рускиот С-300, но тој е многу попрецизен “, велат локалните медиуми, додавајќи:„Важно е да се напомене дека овие системи се инсталирани во базата Т-4 каде што се присутни и руски борбени авиони. Се сугерира дека ова може да го присили Израел да ги запре нападите, во спротивно Русија би можела да го активира и својот систем С-400, кој би ја  уништил  непријателската авијација “.

Иран неодамна го надгради својот воздушен одбранбен систем Бавар-373, а ова е прв пат да биде применуван во Сирија.

„Иран има беспилотни летала, како и крстаречки и балистички ракети, кои лесно може да ги користи против Израел. Како и да е, тешко дека нешто од ова ќе се пренесе во Сирија “, рече еден воен извор, додавајќи дека распоредувањето на иранскиот воздушен одбранбен систем не претставува закана за Израел, туку е наменет за заштита на проиранските сили во Сирија.

Related posts

Leave a Comment