Македонија

Утре пред украинската амбасада протест против воената реторика кон Русија од страна на Киев

Утре со почеток во 16ч и 30м, под  мотото стоп за глорификацијата на нацизмот во Украина, пред украинската амбасада во Скопје, ќе се одржи мирен протест.

Протестот е најавен од граѓани кои сметаат дека политиката на Киев, води кон војна со несогледливи последици, како и тоа дека Украина исполнува туѓи анти словенски агенди кои работат на уништување на словенското ткиво и креирање конфликти помеѓу словенските братски народи.

На протестот ќе се прати порака до властите во Македонија, дека ниту еден македонец, не смее да биде испратен во војна против Русија и против било кој братски словенски народ.

Related posts

Leave a Comment