Историја

79 години од бугарскиот масакр на 12те ваташки младинци

На 16 јуни 1943 Бугарите убиле 12 младинци од село Ваташа - KUKURIKU online  news

НА ДЕНЕШЕН ДЕН во 1943 година е извршен масакрот во Ваташа: Стрелањето на 12те младинци од страна на Гнасниот Бугарскиот Фашистички Окупатор.

16 јуни 1943 година во кавадаречкото с.Ваташа бугарските окупаторски војници стрелаа 12-те млади Македонци од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна “Ми заплакало селото Ваташа”.

Во летото 1943 година, кога по низа успешни акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, “Добри Даскаловви и “Сава Михајлов”, со своите удари врз окупаторската полиција, војската и контрачетниците, партизаните ја придобија љубовта на својот народ, окупаторот, со три полка бугарска војска и јаки одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, командант на 56.п.полк, во времето од 7 до 16 јуни 1943 година, презема офанзива заради уништување на партизаните.

Бидејќи не успеа да ги разбие или уништи партизаните, се нафрла на мирното население. Ѕверствата што тогаш ги изврши бугарскиот окупатор во Тиквешијата се споредувани со оние што германската фашистичка војска ги вршела во окупираните територии. Во оваа окупаторска казнена експедиција се стрелани или на друг свиреп начин убиени околу 80 цивилни лица. Кулминација на овие погроми над цивилното население во овој крај е масовното стрелање во Ваташа. На 16 јуни 1943 година, на роденденот на бугарскиот престолонаследник, на најѕверски начин се убиени 12 младинци од Ваташа,меѓу кои деца и ученици од 14 до 16 години. По приведувањето, наводно заради сослушување, тие неколку часа се изложени на бескрупулозна тортура, а потоа над селото стрелани со митралез и потоа одново бодени со ножеви, на некои им се бодени очите, на други им е
разбиена главата. Во исто време, во Кавадарци се стрелани 5 лица, меѓу кои две жени на 50 години – Рајна Соколова и Фруса Чедомирова. Во Неготино се стрелани 4 лица.

Related posts

Leave a Comment