САД нема да дозволат ниту една земја да и помогне на Русија да ги надомести нејзините економски трошоци поради ситуацијата со Украина и санкциите од Западот, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс
„Јасно ставивме до знаење во нашите контакти со Пекинг дека нема да дозволиме ниту една земја да ги компензира загубите на Русија “, рече Прајс за време на редовниот брифинг, коментирајќи ја можната кинеска поддршка за руските акции, пренесува РИА Новости.
Прајс потсети дека американската делегација „го предупредила Пекинг“ за време на консултациите со кинеската страна во Рим за последиците од можната поддршка на руската воена операција во Украина за билатералните односи, додава руската новинска агенција.