Актуелно

Волкот во јагнешка кожа го покажа вистинското лице-Љупчо Ристовски со помош на Америка ќе правел нов референдум за името(Видео)

 

Претседателот на партијата Интегра,Љупчо Ристовски,за Macedonia Newspaper даде изјава во која го покажа своето вистинско лице.Човекот кој глуми патриот и наводно се спротиставува на преспанскиот договор вели дека со помош на Америка,Францускиот амбасадор и организацијата Конрад Аденауер ќе организирал задолжителен реферндум за тоа дали името северна Македонија треба да се користи за внатрешна употреба.Со самото тоа тој го легитимира името северна за меѓународна употреба а внимавајте,тој вели дека доколку над еден милион македонци излезат и гласаат против ,тогаш, придавката северна би се поништила за внатрешна употреба.Тој со тоа подметнува кукавичко јајце бидејќи еден милион граѓани е бројка која е повеќе од нереална и во услови на прочистен избирачки список и под услов таков референдум да биде совршено организиран.Да бараш подршка за таков обврзувачки референдум од истите надворешни фактори (САД,Франција и Германија) кои буквално на сила ни го наметнаа преспанскиот договор е поразителен факт и за секој слободомислечки Македонец е само уште една потврда за каков човек се работи во случајот на Љупчо Ристовски.Најтрагично од се е што овој човек кој очигледно располага со големи финансиски средства со сомнително потекло,ги користи за одење на секаде по светот да ги замајува нашите браќа и сестри од дијаспората и да внесува забуна кај нив истовремено нанесувајќи штета на вистинските македонски патриотски здруженија и организации.Во дел од интервјуто тој експлицитно признава дека САД го интересира само вклучувањето на Македонија во НАТО и дека нив буквално не ги засега тоа што Македонците го губат својот идентитет и историја.Ако и после овие неоспорни факти било кој Македонец или здружение од Македонија или дијаспората продолжи да соработува со Ристовски и неговата партија Интегра,тогаш сите тие ќе бидат означени како предавници и по ништо нема да се разликуваат од Зоран Заев и неговата хунта  која работи на изчезнување на Македонија и Македонскиот народ.

Related posts

1 comment

Зоран Македонец Курљан 03/09/2019 at 11:25

Зоран Македонец Курљан БОJКОТ на повторното ,, вшишување ,, на Македонците. Името е Република Македниjа , тоа не е тема за дискусиjа и трговија. Ако пасторот Ристовски има желба да се опроба во ,, референдумската ,, фела , може да им го предложи следново сценарио на неговите патрони- американските глобалисти : – Дали името на Аљаска е Московска Тартариjа или Монголска Тартариjа? И дали би сакале граѓаните на истата да се вратат во Голема Тартариjа , но сега под името Руска федерациjа? Референдум нека се спроведе во Калифорниjа и Ново Мексико , со исти прашања. А за ,, Интегра ,, е важно да знаат : Македониjа ќе се , интегрира, само со Беломорска и Пиринска Макекедониjа под името Македониjа , Дал Бог!

Reply

Leave a Comment