Актуелно

Два нови случаи на заболени од коронавирусот во Македонија

Image result for coronavirus

 

Два нови случаи на заразени со коронавирусот од Дебар покажаа тестовите од вкупно 12- лица кои беа денеска тестирани , изјави министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека овие две лица се соседи односно биле во непосреден контакт со веќе заболениот и хоспитализиран брачен пар од Дебар. Сите роднини кои живеат во истата куќа имаат негативни резултати на тестот за Ковид-19и се испратени на домашна самоизолација.

Во однос на новите мерки кои се донесени на владината седница, Филипче изјави декахронично болните луѓе со потврда од матичен лекар ќе може да го оправдаат на работа своето отсуство. Во оваа категорија спаѓаат кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 1, малигни и респираторни болести.На сите вработени во јавното здравство им се препорачува да не користат годишни одмори во следниот период. Министерството за здравство бројот од „Ало Докторе“ ќе го пренамени во соодветен кол центар зазголемување на капацитетот.

МРТВ ќе има обврска во наредниот период на дневна основа да ги емитува сите препораки и мерки кои се однесуваат за справување и превенирање на коронавирусот.

За родителите на деца до десетгодишна возраст што ќе останат дома да ги чуваат своите деца од претшколска возраст на своите работодавачи ќе треба да им достават потврда од детска градинка или копија од уплатница за платен надомест, како и копија од патна исправа или копија од извод матична книга како доказ за возраста на детето или доколку е децата се ученици ќе треба да достават копија од последното сведителство или потврда дека посетува училиште.

„Да се прекине со работа на сите библиотеки, студентски и ученички домови во наредните 14 дена а вработените во овие институции да бидат ослободени од работа во тој период“ изјави Филипче.

Од владините мерки се изземаат вработените во министерствата за здравство, внатрешни работи и одбрана како и армијата и противпожарните единици, царина и домови за нега на стари лица.

Филипче најави дека и Министерството за внатрешни работи добива задача да преземе соодветни мерки за луѓето кои на социјалните медиуми ќе објавуваат дезинформации и лажни информации за коронавирусот како и медиумите кои ќе ги пренесуваат тие дезинформациите.

Related posts

Leave a Comment