Политичката партија РОДИНА Македонија со особено жалење и згрозеност ја прими веста за безумниот чин на убиство на Дарја Александровна Дугина, позната како Дарја Платонова, новинарка , филозоф, активистка, инаку ќерка на познатиот руски филозоф и писател, Александар Дугин.
РОДИНА МАКЕДОНИЈА, по повод овој немил настан, изразува жалење и сочувствува со големата загуба, како на семејството Дугин, така и на целиот руски народ и држава.
Сакаме да изразиме надеж дека започнатото дело на Дарја Дугина ќе продолжи да се остварува, за што ние како Партија искажуваме поддршка и заинтересираност.
Истовремено, се надеваме дека руските органи ќе ги откријат како сторителите така и позадината на овој терористички чин.
Почивај во мир, Вечен спомен, Царство небесно… Дарја…
РОДИНА МАКЕДОНИЈА