Шефот на проруската администрација на регионот Запорожје, Јевхен Балички денеска изјави дека е можно нуклеарната централа Запорожје да биде затворена бидејќи постојано е гранатирана од украинската армија.
„Постои голема веројатност денеска да бидеме принудени да ја затвориме нуклеарната централа, бидејќи нејзината работа во овие услови е невозможна. Не сме го решиле целосно ова прашање, но ќе мора да донесеме таква одлука“, рече Балички во емисијата „Соловјов во живо“.
Тој додаде дека поради честото гранатирање на градот Енергодар, кој е веднаш до нуклеарната централа, продолжува одливот на семејства чии членови работат во Запорожје.