Врховниот лидер на Иран Али Хамнеи изрази презир кон францускиот претседател Емануел Макрон за обидот да ги унапреди разговорите меѓу САД и Иран.
„Францускиот претседател, кој рече дека состанокот ќе стави крај на какви било проблеми меѓу Техеран и Америка, е или наивен или американски соучесник“, рече ајатолахот Али Хамнеи за државната телевизија.
Макрон се обиде да организира неуспешна средба меѓу иранскиот и американскиот претседател Хасан Рохани и Доналд Трамп на маргините на Генералното собрание на ООН, што се одржа во септември во ујорк.