Во Новиот Завет практично нема опис на надворешниот изглед на Исус. Формирањето на привичниот за нас физички архетип започнал да се формира ориентационо околу 4 век од нашата ера , вероjатно под влиjание на античниот изглед на врховниот бог Зевс.На границата помеѓу 4 и 5 век го прикажувале Исус во облик на подмладениот Jупитер , облечен во златна одора , седнат на императорски трон.
За христиjанските уметници од тоа време важен бил симболизамот , а не историчноста , поставуваjќи пред себе задача да го прикажат Христос во вид на небесен владетл над светот. Ореолот бил ,, позаjмен ,, од предисусовите ( т.н. пагански -соларни божества ) како Аполон и Сол , кои имено со таквиот атрибут , симболизираjќи jа сончевата светлина , неретко биле претставувани . Со течение на времето царскиот лик на Исус започнал да се демократизира.
.
мозаик од римската базилика Санта- Пуденциjа
На постарите римски ликовни цртежи Исус е претставуван во облик на млад човек без брада и со кандрава коса , облечен соодветно со актуелните модни трендови. Во 4-тиот век во официjалната христиjанска традициjа се закрепила сликата на зрел човек со долга темна коса и брада. На овоj или друг начин , фигуративното изобразување на Исус во Европа го прикажува како бел европеец. Но , соодветно со неговата етничка припадност ( Евреj или претставник на близок со Евреите етнос ), Христос би требало да изгледа ,, малку поинаку.
На почетокот од новиот милниум британскиот специjалист по криминална аниропологиjа Ричард Ниив за потребите на документарниот филм ,, Синот Божjи ,, создал облик на жител од Галилеа според остатоците пронаjдени во тоj регион. При моделирањето на древниот галилеец , криминалистот- антрополог Ниив , ги земал предвид старите ликовни изобразби , историските и антрополошките специфики од временскиот период во коj живеел Исус.Типичниот галилеец имал овално темно лице со широк нос ( носни отвори ), кратка брада – според jудеjската традициjа. Таквата слика на физичкиот облик напоменувала на лице од современиот Араб… И не е чудно , ако се знае генетската поврзаност на Евреите со Арабите . Единствената разлика е во религиите ,кои се само ветки , разгранети од заедничкото стебло – Jудеизмот. Не е ништо поразлично и каj Индиjците и Пакистанците. И нив ги оддалечуваат религиите од истоподобноста на заедничката генетска структура… Според Новиот Завет , Исус работел како столар, па неговата кожа би била особено темна заради природата на неговиот занает – поврзана со труд на отворен простор и високите температури кои владеат во тоj регион. Средниот раст на семитите од таа епоха ретко надминувал 160 cm.