Соопштенија

ММДЧП : МАКЕДОНЦИТЕ БАРААТ ВРАЌАЊЕ НА СВОЕТО ИМЕ – ПЛАКАТИ “НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА” РАШИРЕНИ НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА

Our Name Is Macedonia sign

Спротивно на ставовите на САД и на ЕУ, како и на двете најголеми партии во Македонија (кои слепо ги следат американските наредби), Македонците продолжуваат да ги истакнуваат знаците и постерите со логото НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА низ земјата, и го отфрлаат нелегалното менување на името. Македонците бараат да се врати вистинското име на Македонија. Знаците на кои е истакнато расистичкиот израз „Северна“ – наметнат од Западот – се заменуваат со МАКЕДОНИЈА.

Илегалнот „Преспански договор“ кој ни е наметнат од САД (со кој Македонците не се согласуваат) присилно го менува македонското име во „Северна Македонија“, а македонскиот идентитет во „северномакедонски“ со цел да се исполнат барањата на Грција, која се закани дека ќе става вето на македонскиот прием во НАТО се додека не си го смениме името. Грција јавно признава дека сака да ги избрише Македонија Македонците, и отворено го слави наметнатиот „Преспански договор“ со кој на Македонците им се негира правото на сопствен идентитет. Членот 7(2) официјално и го дава името „Македонија“ на Грција. Членот 8(5) определува дека комисија на грчки дипломати може да ја препише македонската историја и македонските историски учебници.

Понатаму, со „Преспанскиот договор“ официјално се негира постоењето на Македонците во сите делови на распарчената Македонија – поделена во 1913 година меѓу Србија, Грција, Бугарија, и подоцна Албанија. (Република Македонија прогласи независност во 1991 година). На сите Македонци, вклучително и на тие во странство, им се негира правото да се самоопределат како Македонци.

Западот беше до толку решен да ја внесе Република Македонија во НАТО што ги прекрши и македонските закони и меѓународното право, го поништи Уставот, собранискиот деловник, кривичниот законик, човековите права, конвенции, демократските принципи и волјата на народот за да го наметне ова незаконско преименување. Режимот на Заев, инсталиран од Западот, испрати полициски специјалци да ги напаѓаат Македонците кои се спротиставуваат на промената на името, апси македонски дисиденти, брка луѓе од работа во јавниот и приватниот сектор, затвори медиуми, ги блокира социјалните мрежи за да не може да се изрази протест, лажира избори и врши масовни изборни нерегуларности, го игнорираше масовното референдумско отфрлање на преименувањето од страна на македонскиот народ, им се заканува и врши истраги против тие кои се спротиставуваат на владините политики, уапси пратеници, а заедно со американскиот амбасадор Џес Бејли затвори жени пратенички во Собранието спротивно на нивната волја и ги уценуваше со апсење на нивни блиски членови на семејството додека не ги послушаа наредбите и не гласаа за преименувањето (повеќе информации достапни тука: https://mhrmi.org/news/fact-sheet-on-the-forced-name-change-in-macedonia-a-recipe-for-cultural-genocide)

Суровата иронија е во тоа што Грција самата го негираше постоењето на Македонија и безмилосно го потиснуваше македонското име до 1988 година, кога направи драматичен пресврт во својата стратегија и почна да го присвојува името за себе.

Наместо да го бранат македонското право на самоопределување, двете најголеми политички партии во Македонија ги следат американските наредби, и од независноста преговараат за македонското име. СДС го извршија предавството и ја спроведоа промената на името, додека лажните патриоти ДПНЕ не сторија ништо да ги спречат во тоа. (нивните формални имиња се „СДСМ“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, но тие го загубија правото да ја користат буквата „М“ за Македонија).

Згрозени со одбивањето на нивните политичари да ги бранат нашите најосновни човекови права, Македонците ја прифаќаат кампањата Нашето Име е Македонија, споделувајќи ги знаеците и постерите со ова лого низ земјата (повеќе фотографии на mhrmi.org) со пораката дека:

– Никој нема право да го смени нашето име и идентитет – обединете се, да ја одбраниме Македонија сега! #НашетоИмеЕМакедонија и

– Вие не сте мои стопани. Не сте газди на моето име. Јас сум Македонец. Роден во село Желево, Леринско, Егејска Македонија, под османлиско ропство. Останав Македонец низ грчката окупација. Продадените политичари од Република Македонија не можат да го сменат моето име и мојот идентитет. #НашетоИмееМакедонија ДА ГО ОДБРАНИМЕ

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права гордо ги поддржува сите Македонци кои се борат за враќање на македонското име, идентитет и историја. Придружете ни се и кажете му на светот дека НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА. Нашиот опстанок зависи од тоа.

 

Related posts

Leave a Comment