Фудбалски тимови на таканареченото Косово и Англија одиграа натпревар во рамките на квалификациите за Европското првенство, проследена со разни атипични гестови од луѓето од Приштина. Резултатот беше 4-0 во корист на гостите, но во сосема друг план.
На стадионот „Фадиљ Вокри“ сè беше во знак на Англија, како и впрочем на улиците на Приштина.
Интонацијата на националните химни на државите беше испратена од навивачите кои креваа картонски знамиња, а во еден момент сè беше насликано со англиски знамиња на трибините. Покрај тоа, за време на интонацијата на химните, беше развиен голем транспарент со зборовите „Добредојдовте и почитување“.
During England’s National anthem, each Kosovo fan held up an England flag whilst hilolding up a giant 'Welcome & Respect' banner behind the goal. Huge respect being shown, Great to see.👏 pic.twitter.com/2FUuioXTNT
— The Away Fans Videos (@TheAwayFansVids) November 17, 2019
Имаше и многу различни пораки меѓу фановите:
„На Расизмот му нема место во таканареченото Косово. Нашата куќа е исто така куќа на нашиот пријател. Добредојдовте сакани англичани“.
„Кога го преживувавме геноцидот и силувањето на нашите жените, вие ја донесовте нашата надеж за слобода.Засекогаш благодарни на Англија.“
Фотографија на навивач со друг натпис беше објавена и од познатиот англиски таблоид „Сан“, со наслов: „Фановите на таканареченото Косово и се заблагодарија на Англија за нивната помош за време на војната во Косово од крајот на 90-тите“.
И жителите Приштина добро се потрудија да се додворат на Англичаните и да ги дочекаат во такво светло. Дури и на познатите албански капи, т.н. кечиња,тие им закачија знаме на Велика Британија.
Инаку пред мечот ,групи пијани англиски навивачи во кафулињата низ Приштина ,скандираа навредувачки слогани упатени кон Србија.
Во едно од нив настана извикувањето „fuck Serbia (е…и ја Србија)’ ’’, присутно и меѓу локалните и помеѓу англиските навивачи.
Engleski navijaci vrijeđaju Srbe pic.twitter.com/X1prlrz5iu
— SportTime (@SportTi43915378) November 17, 2019