Свет

Турција одлучи: сите ќе ги пуштиме во Европа, нема да ги задржуваме

 

Во очекување на масовно движење на бегалци од сириската провинција Идлиб,  дом на еден милион раселени лица, Турција донесе одлука повеќе да не ги спречува сириските бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа по копно и море, изјави за Ројтерс турски официјален претставник.

На турската полиција, крајбрежната стража и граничарите им е наредено да се држат настрана, рече официјалниот претставник.

Според Обединетите нации, скоро 950.000 цивили избегале од почетокот на декември, а повеќе од 300 се убиени. 

Повеќето побегнаа на север кон побезбедни области во близина на турската граница.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган  свика вонредна седница на Советот за безбедност на Анкара, на која присуствуваа министерот за одбрана и началниците на тајната служба.

Според турските медиуми, се разговарало за државата Идлиб.

Турција испрати илјадници војници во таа гранична сириска провинција и започна невидена инвазија за поддршка на бунтовниците против офанзивата на  сирискиот претседателот Башар ал Асад.

Претходните разговори меѓу Анкара и Москва за решавање на конфликтот во Идлиб не дадоа значаен резултат. Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција не е задоволна од резултатите од разговорите со Русија за Сирија и дека е подготвена да започне воена операција во регионот. За Портпаролот на Кремаљ, Дмитриј Песков, тоа е  најлошото сценарио.

Сиријската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, објави дека опозиционите борци го зазеле градот Саракиб по интензивно бомбардирање од страна на турските трупи.

Related posts

Leave a Comment