Актуелно

Љупчо Палевски за Српски Курир : Луј Витонот тежок 1,5 милиони евра завршил кај советникот на Зоран Заев

 

Во своето денешно издание Српскиот весник Курир објавува вест,добиена од Љупчо Палевски во која се вели дека сите пари од снимката на Ла Верита, завршиле кај Зоран Башановиќ ,српскиот советник на Зоран Заев.

Ова е ексклузивно изјавено  за Курир од поранешниот соработник на Заев и актуелен генерален секретар на партијата „Глас на Македонија“, Љупчо Палевски,во својот вовед пишува Курир.

– Она што се шпекулира во моментот во високите политички и судски кругови е фактот дека во торбата со пари,имало ГПС , што покажало дека торбата завршила во зградата на владата , а таму била превземена директно од советникот на премиерот Заев, Башановиќ. Боки 13 и Башановиќ беа во многу блиски односи, како експоненти на власта на Заев – вели Палевски.

 

Тој посочува дека политичката одговорност на Заев е огромна, затоа што специјалната обвинителка Катица Јанева  уживаше во политичка поддршка и заштита од премиерот.

– Политичката одговорност на премиерот Заев е голема.  Јанева уживаше во својата политичка поддршка и нормално е целата одговорност да падне на него. Што се однесува до неговата кривична одговорност, рано е да се каже, но очигледна е кривичната одговорност на двајца пратеници на СДС, чиј лидер е Заев. Премиерот нема да поднесе оставка, тој ќе се согласи со жртвите, но нема да се повлече, барем во блиска иднина – рече Палевски.

Целата вест прочитајта ја тука

 

Related posts

Leave a Comment