Свет

Во САД за 72 часа убиени 189 лица!

Fourth of July weekend gun violence in Chicago includes 17 killed,  including 2 children, and dozens more wounded - Chicago Tribune

Повеќе од 180 лица беа убиени за три дена во кои САД го славеа Денот на независноста, според податоците објавени од Архивата за насилство со оружје.

За 72 часа колку што траеја празниците во САД , беа убиени 189 лица, додека други 516 беа ранети во вкупно 540 престрелки регистрирани во САД.

Иако бројките се шокантни, голем број американски држави веќе подолго време се соочуваат со зголемување на насилството, па бројни експерти со месеци предупредуваат на можно „крваво лето“.

Во Џорџија, гувернерот Брајан Кемп испрати единици на Националната гарда на улиците по серијата убиства и ранувања.

Само во Њујорк загинаа 26 лица во 21 инцидент за 72 часа, што е мало намалување во споредба со минатата година, кога за време на прославата на 4 јули беа убиени 30 лица, објави њујоршката полиција.

Бројот на инциденти во кои се користеше огнено оружје во Њујорк е скоро двојно поголем од 2020 година и полека се враќа на нивото пред Руди Џулијани да дојде на чело на градот.

Во Чикаго, кој се соочува со слични проблеми, беа убиени 14 и ранети 69 лица.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!