Свет

Додека траеше средбата Путин-Бајден, Внуката на Осама Бин Ладен со транспарент ,,Трамп Победи”(ВИДЕО)

Самитот на Владимир Путин и Џо Бајден во Женева за кратко остана во сенка на внуката на Осама бин Ладен , која вчера создаде хаос на Женевското езеро.

Нур Бин Ладен, внуката на поранешниот водач на Ал Каеда, беше снимена на Женевското езеро во средата, како стои во чамец и држи транспарент на кој пишува: „Трамп победи“.

Снимките и фотографиите од протестот против самитот покажуваат дека покрај на Нур беше уште еден чамец во кој луѓето држеа слични пароли.

Нур на социјалните мрежи изјави дека швајцарската полиција се заканила дека „ќе ја уапси поради нејзините политички убедувања“.

Таа вели дека биле испратени два полициски и еден воен чамец да ја отстранат од водата.

Нур Бин Ладен е позната како обожавателка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и одби да ја прифати победата на Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Related posts

Leave a Comment