Актуелно

Инфомакс објави нови скандалозни детали за аферата ,,Рекет”

 

„Јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13 го познавам неколку години наназад, Се сеќавам втората половина на месец јануари 2019 година со друштво седев во кафе бар „Круг“ кога се појави Боки и пријде да се поздравиме. Ми кажа дека деновиве треба да се видиме“- сведочи едно од лицата повикани од Обвинителството за организиран кпиниминал и копупција во исказ даден во врска со аферата Рекет, а директно ја поврзува владата со рекетарскиот поход на Боки 13 и Катица Јанева, се наведува во текстот на Инфомакс.мк.

Понатаму, авторот на текстот вели дека високи функционери на власта биле добро запознати со активностите на Боки 13 и Катица Јанева јасно може да се види и од исказ на сведок во врска со случајот Рекет, инаку бивш директор на една од најголемите телекомуникациски компании во Република Македонија. Сведокот објаснува дека Боки 13 му пренел оти Владата била подготвена да му помогне тој да стане директор на Македонски телеком а за возврат овој би требало да доделува тендери на компании кои Боки ќе му ги каже.

„На 31.01.2019 година на телефон ми се јави Зоран Милевски по прекар Зоки Кичевскиот и ми кажа дека Бојан односно Боки сака да се види дословно следниот ден во 13.00 ч во неговата канцеларија во 1ТВ. Јас се согласив и дента ми го презакажаа состанокот во 13.30 ч по порака која ми ја прати Зоки Кичевскиот“- вели сведокот во својот исказ на втората страница од записникот на почетокот од истиот.

Понатаму дообјаснува дека тој отишол во 1ТВ и по тесни скали се качил во кабинетот на Боки 13 и таму веќе биле Боки и Зоки Кичевскиот.

„Најнапред почнавме да разговаме на општи теми, по што Боки кажа дека Владата не била задоволна од сегашниот генерален директор на Телеком и дека сакаат мене да ме постават за генерален директор“ – вели сведокот во својот исказ.

Тој објаснува дека на Боки и Зоки им кажал дека бидејќи работел подолго време во телекомуникацискиот бизнис оти генерален директор на телеком поставува Дојче Телеком кои е и сопственик на Македонски Телеком. Тој им објаснил дека Владата може да биде консултирана, но и не мора.

„Боки и Зоки кажаа дека тоа може да се среди дека може да ургира владата јас да бидам поставен за генерален директор и ако бидам поставен во Телеком Македонија чекале на реализација на неколку проекти да се потпишат и треба да ги дадам тие проекти на фирми кои ќе ми ги каже Боки“- сведочи потенцијалниот генерален директор во сведоштво пред Обвинителството за организиран кпиминал и корупција.

 

Целиот текст на прочитајте го овде ИНФОМАКС

Related posts

Leave a Comment