Одбојка

Сензација : Словенија ја победи Полска и стигна до финалето на Европското првенство!

 

Одбојкарите на Словенија се пласираа во финалето на Европското првенство победувајќи ја Полска во полуфиналето!

Словенија ќе има можност да се бори за европското злато по втор пат, откако ја победи Полска со 3: 1 (25:23, 24:26, 25:22, 25:23).

Во групната фаза претрпеа два пораза, за подоцна да успеат да ја елиминираат Русија и во полуфиналето светскиот шампион, репрезентацијата на Полска.

Полјаците започнаа силно, па по добрите сервиси на Леон поведоа со 9: 4. Сепак, со фантастична поддршка од трибините, Словенците успеаја да дојдат до изедначување од 10:10.

Полјаците ја имаа иницијатива и понатаму , го користеа секој невнимателен потег на ривалот, па цело време беа во предност. Сепак, Словенците беа упорни во намерата да го освојат првиот сет, а после голема борба, тоа им успеа.

Домаќините го започнаа следниот сет совршено, па резултатот беше 3-1. Следеше голема борба, со тоа што словенечкиот тим постојано беше во предност. Полјаците се обидоа да се израмнат со своите ривали, но Словенците некако успеаја да одолеат.

На Резултат 24:24, Полјаците го фатија словенечкиот коректор на блок,за со ас да стигнат до изедначување. Иако Полјаците имаа психолошка предност во продолжение, тие го испуштија четвртиот сет, што дополнително ја натера публиката дополнително да ги бодри своите миленици да стигнат до 25:22.

Во последниот, четвртиот сет, актуелните светски шампиони генерално имаа предност од поен, два. Сепак, на самиот крај, Словенците успеаја да се вратат назад во сетот. Поведоа со 22:21 и потоа 23:22, за Урнаут да постигне ас, Словенија имаше меч топка, не ја искористи првата, туку втората и заслужено се најде во финалето на Европското првенство.

 

Leave a Comment